Пандев: На Панчев му е мака што Македонија играше на ЕП и во бараж за СП!

Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев даде интервју за „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ во кое зборуваше за нов договор на селекторот Благоја Милевски, меѓутоа и за придонесот на Горан Пандев во репрезентацијата, при што кажа дека Македонија со него изборила историски успех и Европското првенство (ЕП), но исто така загубила од Андора.

На изјавата на Панчев реагираше и бившиот македонски капитен и фудбалер на Парма, кој даде коментар за „Фокус“ и кажа дека му е мака на „Кобрата“ што македонските репрезентативци заиграле на ЕП, но и во баражот за Мундијалот во Катар.

„Немам што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и баражот за Мундијалот во Катар“, кажа Пандев за „Фокус“.

Повеќе прочитајте на „Фокус“.