
Пандев ја одби премијата од ФФМ и стана вест број 1 во регионот! (ФОТО)
ФФМ одлучила синоќа после поразот во трилер-мечот во Букурешт да ги награди фудбалерите како „мотивација за понатамошниот тек од квалификациите“, но Пандев ја одби таа премија и им порача на челниците на ФФМ, сами да си ја поделат. УО на ФФМ лани си подели по 20.000 евра од член премија откако Македонија обезбеди пласман на Евро 2021, на кое ќе дебитира летово.
„Ние пари за пораз не сакаме, меѓусебе разговаравме и ниту еден играч не прифаќа ваква премија. Нека си ја подели УО таа премија меѓу себе“, рече Пандев.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација пред три недели предизвика бура со 45-минутното интервју во кое жестоко распали по фотелјашите на ФФМ, непосредно пред Собранието на куќата на фудбалот, кое потоа го изгласа актуелниот претседател Муамед Сејдини за старо-нов претседател.