Панчев: Сејдини е најдобриот претседател на ФФМ во историјата! (ВИДЕО)

Легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев е полн со пофалби за актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), вели дека ако оваа репрезентација е најдобра во историјата, тогаш и Сејдини е најдобриот претседател кој сме го имале досега.

Во изминатите години Дарко Панчев беше еден од најголемите критичари на работењето на ФФМ, беше гласен против речиси сите претходни раководства на федерацијата. Популарниот „Кобра“ сега смета дека имаме гарнитура по мерка, луѓе кои знаат како треба да го водат фудбалот, па не се штедеше во пофалбите за претседателот Сејдини.

„Мене ми пречеше во еден период кога одредени медиуми велеа најдобра репрезентација во историја на фудбалот, најдобар тренер во историја на фудбалот, во ред, а што е со федерацијата, со претседателот? Од друга страна пишуваат дека треба да го сменат претседателот. Јас им кажував, чекајте бе луѓе, зошто сте така необјективни, ако поради овој успех ги квалификувате така овие три работи како најдобри во историја, па треба и претседателот да го квалификувате како најдобар во историја, тој ја води федерацијата, не ја водам јас. Јас сум објективен и ми пречи таа необјективност. Ние пишуваме јавно, не смееме на граѓаните да им создаваме лажна слика“, рече Панчев во интервју за ФФМ.