Огромна радост за бронзата: Ечеше „Бисер балкански“ во соблекувалната на одбојкарите! (ВИДЕО)

Македонските кадетски репрезентативци во одбојка го освоија бронзениот медал на вчера завршеното Балканско првенство (БП) во Урошевац, што е најголем успех на некоја наша младинска селекција во овој спорт.

Црвено-жолтите настапот го завршија со скор 3-2 што беше доволно за третото место, кое беше потврдено со победата над Албанија со 3-1. Овој триумф заедно со медалот на градите донесе вистинска еуфорија кај одбојкарите до 18 години, кои бурно го прославија успехот во соблекувалната во која ечеше песната „Бисер балкански“.

Успехот на кадетите воедно е и одлична мотивација за сениорскиот состав, кој во септември за првпат ќе настапи на едно Европско првенство.