Македонските фудбалски репрезентативци го одработеа последниот тренинг, пред утрешниот натпревар со Бугарија, во Лигата на нации (20.45). Резултатските мотиви не се големи, потребно е само да не се загуби, но на ниту еден од штабот на Благоја Милевски, ниту пак кај играчите не паѓа на памет нешто друго освен победа.

Со неа Македонија не само што ќе го одбрани второто место во групата, туку и достоинствено ќе се прости од една променлива епизода во Лигата на нации. Од друга страна спортската јавност страствено посакува триумф над соседот, иако од причини кои не се спортски, па во секој случај задоволството би било неизмерно.