Неверојатни 87.500 евра премија за директорот на А-тимот, портпаролите делат 25.000!
Спорт1 ексклузивно дојде до деталниот список за премирање и поделбата на 3.175.000 евра, каде што има неверојатно расипништво, кое и тоа како ќе ја разбранува јавноста во наредниот период.
Така, директорот на А-тимот, Дени Масев, ќе инкасира 87.500 евра, секретарот на репрезентацијата Бојан Марковски ќе лапне 25.000 евра, а портпаролите Златко Андоновски и Фатон Зулбеари ќе ја поделат истата сума.
Во прилог, целиот список на премираните...