Македонската фудбалска репрезентација напиша нова историја и оствари нов сон вечерва, со пласманот во мундијалскиот бараж за Светкото првенство во Катар догодина, поле исцрпувачката и тешка битка со Исланд во „финалето“, победувајќи со 3-1 за запечатување на второто место во овие квалификации.

Тоа што до пред три години ни беше „научна фантастика“, оваа Македонија успеа да направи нов чекор после историскиот пласман и дебито на Еуро 2020, за да покаже уште еднаш дека огромен е потенцијалот и квалитетот на оваа селекција, од која и во иднина може да се очекуваат уште поголеми резултати и успеси.

Езџјан Алиоски и Елиф Елмас со два гола вечерва постигнаа по еден гол, доволно за победа, во мечот во кој сѐ имавме во рака, ние го диктиравме темпото, а и кога Исланѓаните израмнија осум минути по стартот на вториот дел, психички не паднавме, туку покажавме карактер за повторно да го вратиме водството и да триумфираме.

Алиоски од првата шанса по девет минути ја искина мрежата на изландскиот гол по фантастичната асистенција на Езџјан Алиоски, а во првиот дел Македонија можеше уште тогаш да дојде до победа, но неколкуте шанси не ги искористивме, па малку послабиот старт на вториот дел ни дојде како казна и Торстеинсон нѐ шокираше.

Но, сето тоа беше само вовед во фантастичните половина час потоа кои следуваа во кои Македонија се созема, а блесна дијамантот. Елмас во 65-та најдобро се снајде за да нѐ врати во водство, а три минути пред крајот да даде уште еден гол за конечен троиуф и експлозија од радост на Националната Арена.