Младата македонска репрезентација до 19 години ремизираше без голови со врсниците од Босна и Херцеговина во клучниот меч во трката за пласман во елитната фаза во европските квалификации за Евро 2020, попладнево на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот куќа на фудбалот.

Македонските надежи предводени од селекторот Горан Станиќ не покажаа премногу, но одиграа борбено и дисциплинирано, но без премногу идеја и креација како да стигнат до победа, па за 90 минути практично не направија премногу шанси, со низа ситуации кои не успеаа да ги претворат во стоотстотни шанси и да ја погодат мрежата на Босанците.
Ако се суди по шансите, Македонија денеска треба да биде и задоволна, но и среќна за ремито зашто пречката беше сојузник на нашиот гол, зашто Босанците имаа две ситуации во кои пречката од голот на Андов нѝ беше сојузник, прво на средина од првиот дел, а потоа во ист период на средина од вториот дел. Босанецот Кристијан Станиќосвен погодената пречка, имаше уште една извонредна шанса, која не ја реализира од десетина метри кога биеше сам пред голот над пречката.

Англија во вториот меч од нашата група за половина час со три гола го реши Луксембург за очекувана стартна победа на талентите на „Гордиот Албион“ со 4-0 во која Данкан даде два гола, а по еден Харвуд Белис и Амаечи. Следен меч на Македонија е пресметката со Англија в сабота од 13 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а последниот меч е со Луксембург во вторник во ист термин.