Надежите подобри од БиХ на втората контролка

Maкедонската репрезентација до 17 години се реваншираше на БиХ за поразот во првата контролка од 3:1 и на вториот контролен натпревар славевме победа со 1:0.

Во овој дуел избраниците на селекторот Капинковски одиграле подобро и поквалитетно, а победата ја обезбеди Хоџа со гол во 90. минута.

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА:

Александар Трајков, Мухамед Мустафи, Лорент Жаку, Давид Ангелевски, Димитар Хоџа, Стефан Стаматоски, Флорент Османи, Иван Танчев, Малик Дурак, Стефан Секирски;

Резерви: Антониј Трајковски, Дарко Јовчев, Албан Рочи, Мартин Џангаровски, Матео Кесиќ, Ненад Дамјаноски, Александар Грашески, Стефан Бранковски, Христијан Јевтоски, Дамјан Буцевски, Назиф Цека, Иво Марковски;