„На Велковски му е најтешко, но има моја поддршка!“

Главниот стопер на Македонија, Дарко Велковски денеска направи кардинална грешка како последен играч по кој Квича Кваратсхелија ни даде втор гол за да ја завери победата.

Селекторот Благоја Милевски му даде комплетна поддршка на дефанзивецот, кој дојде за репрезентацијата со само 45 минути настап за својот нов тим Ал Етифак во Саудиска Арабија, каде трансфер направи во последниот ден од преодниот рок.

„Дарко Велковски е одличен играч, одличен карактер и добар дечко, него во моментов му е најтешко. Но, тој ја има мојата поддршка и поддршката од соиграчите. Ние сме тука да бидеме сите заедно кога е најтешко и не оди како што треба, така да има максимална подршка од мене и целиот тим“, рече Милевски.