На Роналдо му недостасуваат 11 погодоци до апсолутен рекорд (ВИДЕО)

Иако се шпекулираше дека Кристијано Роналдо бил заменет на претходните два натпревари за Јувентус поради повреда на коленото, тој од првата минута истрча на тернот во составот на Португалија на натпреварот против Литванија.

И самиот Роналдо пред натпреварот изјави дека е целосно подготвен, а воедно и го демонстрираше тоа со три погодока во победата над Литванија со 6-0. Португалија поведе со 2-0, а токму ѕвездата на Јувентус ги постигна двата погодока. Прво погоди во седмата минута од белата точка, додека во 22-та минута го зголеми водството на 2-0 со прекрасен гол од 20-тина метри. Во вторито дел Португалците погодија уште четири пати, а Роналдо беше стрелец на шестиот погодок.

Со овие три гола Роналдо дојде до бројката од 99 погодоци во дресот на националниот тим и сега му недостасуваат 11 гола за да го собори рекордот на легендарниот Иранец, Али Даи, кој постигна 109 гола во дресот на својата земја и е апсолутен рекордер по бројот на голови во националниот тим.