Мечот со Полска уште траеше, а Македонија веќе беше десеткувана за Австрија!

Македонија и Полска во моментов го играат осмиот квалификациски меч во Варшава за пласман на Евро 2020, а после само половина час шпанскиот судија Лахоз нè наполни со жолти картони, па двајца македонски репрезентативци нема да може да играат против Австрија во следното коло.

Лахоз им покажа опомени на Горан Пандев, Бобан Николов и Илија Несторовски, многу лесно се ваќаше за џебот, па после ова Николов и Несторовски ќе мора да паузираат на следниот меч и тоа во незгоден момент, ако гостувањето во Виена на 16 ноември стане клучно за нашата битка за виза на ЕП.

Македонија против Полска тргна со многу проблеми и дури пет повредени фудбалери на кои не можеше да смета селекторот Игор Ангеловски, особено за средниот ред поради недостатокот на Аријан Адеми и Енис Барди.