Манчини: Македонија е добар тим – ептен тешка ждрепка за нас!

Селекторот на Италија, Роберто Манчини посочи дека европскиот првак Италија доби (нај)тешка ждрепка, откако Македонија е противник на „аѕурите“ во полуфиналето, но европските прваци вкрстуваат со вториот великан Португалија или Турција.

Манчини после ждрепката посочи дека Македонија е добар тим, но маката е што финалето ако го поминат ќе го играат на гости.

„Многу тешка ждрепка. Македонија е добар тим, па ќе играме да победиме, ама во финалето одиме на гости. Португалија или Турција, кои исто така се многу силни“, рече Манчини.