Македонија по најтешкиот пат за СП – Италија нѐ чека во полуфинале, па Роналдо и Португалија!
Европскиот шампион од оваа година Италија ни е полуфиналниот противник откако ждрепката не нѐ посака, а во финалето ако успееме да ги минеме „аѕурите“ нѐ чека нов тежок противник, зашто Португалија со Кристијано Роналдо е апсолутен фаворит против Турција во второто полуфинале за завршниот меч.
Македонија како неносител е гостин во Италија во полуфиналето, а ако успее да направи изненадување и да обезбеди финале повторно ќе гостува во Португалија или Турција.
Мечевите за полуфиналето се на 24 или 25 март идната година, а евентуалното финале и завршната битка за мундијалската виза се на 28 или 29 март догодина.
ФАЈНЛФОР - А
Шкотска - Украина
Велс – Австрија
ФИНАЛЕ: Велс/Австрија – Шкотска/Украина
ФАЈНЛФОР – Б
Русија - Полска
Шведска – Чешка
ФИНАЛЕ: Русија/Полска – Шведска/Чешка
ФАЈНЛФОР – Ц
Италија - МАкедонија
Португалија – Турција
ФИНАЛЕ: Португалија/Турција – Италија/Македонија