Македонија го сефтоса новото правило - ѝ подари корнер на Турција!

Македонската фудбалска репрезентација има лош почеток на пријателскиот натпревар против Турција во Истанбул, а воедно го сефтоса новото правило за изведување на гол-аут.

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) ги потврди правилата кои почнуваат да се користат, па така за изведување аут и гол-аут играчите ќе имаат само пет секунди, со цел побрз проток на играта.

Нашите фудбалери го прекршија правилото, па со тоа ѝ подарија корнер на Турција во 22. минута од мечот.