Летонците со една измена од мечот во Рига ни доаѓаат на мегдан во Скопје!

Селекторот на летонската фудбалска репрезентација, Паоло Николато, го објави списокот од 25 фудбалери за претстојното гостување против Македонија, натпревар кој ќе се одигра на 14 ноември на арената „Тодор Проески“ во рамки на претпоследното коло од Лигата на Нации.

Македонија го обезбеди првото место во групата, но целта е да се задржи максималниот фокус и да се забележат уште две победи, против Летонија и Фарски Острови, со што ќе се направи голем исчекор кон обезбедување место во баражот за пласман на Мундијалот во 2026 година..

Во однос на минатиот дуел во Рига, каде што нашите фудбалери лесно победија (3-0), Николато направи само една промена во својот состав, додавајќи го Оскарс Виентајс од ФК Мета, кој за првпат ќе игра за сениорската репрезентација на Летонија.