Холанѓаните спремаат кореографија за Горан Пандев! (ФОТО)

Холандија ќе ја пречека Македонија во Амстердам од 18 часот во последниот меч од групната фаза, кој ќе биде и последен за капитенот Горан Пандев, а поради тоа Холанѓаните подготвија посебна кореографија во чест на македонскиот фудбалер.

Холанѓаните веќе подготвиле транспарент за македонската легенда, а дел од навивачите го испишале презимето на нашиот капитен на дресовите со портокалова боја.