Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра важен меч од квалификациите за Евро 2020 против Словенија на Националната Арена „Тодор Проески“, а навивачите наместо слободно да влегуваат на стадионот, тие се соочија со огромни проблеми.

На само 15 минути пред почетокот на дуелот пред влезовите во стадионот имаше огромни турканици, навивачите едвај влегуваа на трибините, па многумина го пропуштија стартот на мечот на Македонија.

Да се надеваме дека немаше повредени навивачи во оваа турканица.