Германија за мечот со Македонија издаде „книга“ од 75 страници! (ФОТО)
Тоа ќе биде прв историски натпревар помеѓу овие две репрезентации. Дека Германците му оддаваат посебно внимание на натпреварот покажува и самиот факт што Германската фудбалска федерација за овој натпревар подготви програма или подобро речено книга од цели 75 страници.
Во неа може да се видат секакви статистички податоци за нашата фудбалска репрезентација. Луѓето од германската федерација дури направиле и интервјуа со нашиот селектор Игор Ангеловски и со поранешниот репрезентативец Саша Чириќ, кој голем дел од кариерата ја мина во Бундеслигата, поточно во Нирнберг и Ајнтрахт Франкфурт.
Чириќ најавува дека Македонија нема страв од Германија.
Германците му посветиле цел две страници на нашиот капитен и најдобар фудбалер Горан Пандев со цел да ја запознаат јавноста со неговите квалитети.
Во програмата има посебен дел за Македонија воопшто за нејзиниот главен град Скопје, потоа Охрид, а се споменуваат и Мајка Тереза, нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, како и за Тоше Проески, кого го нарекуваат „Елвис од Балканот“.
Само колку да илустрираме, кога Македонија е домаќин, ФФМ подготвува програма од десетина страници, од кои само четири се со фотографии на двете репрезентации.
Целата програма на Германската фудбалска федерација за натпреварот со Македонија можете да ја преземете на следниот ЛИНК.