Фудбалерите тренираа во Глазгов: Македонија подготвена за пресметката со Шкотска (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација ги одработи последните подготовки во Глазгов пред утрешниот натпревар против Шкотска во Лигата на нациите.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски тренираа во Глазгов, каде што утревечер на „Хемпден Парк“ ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат.

Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија се игра утре од 20.45 часот.