Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за стартот од Лигата на Нации во кој ќе се соочиме со Фарски Острови и Ерменија.

Прв предизвик за избраниците на селекторот Милевски ќе биде селекцијата на Фарски Острови на која и гостуваме за четири дена во Торшван. Натпреварот против Ерменија е закажан за на 10 септември во Скопје.

Фудбалерите кои вчера го имаа собирот за овој репрезентативен прозорец веќе работат со полна пареа и ќе се обидат да бидат максимално спремни за успешен старт на новото издание во Лигата на Нации.