ФИФА ќе потроши милијарда долари за дамите

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе инвестира од околу една милијарда долари во женскиот фудбал во наредните четири години.

Ваквата одлука е донесена на состанокот на организацијата во Шангај.

Советот на ФИФА донесе одлука да издвои уште 500 покрај веќе предвидените 500 милиони долари. Овие 500 милиони ќе бидат распределени од нашите резерви, бидејќи нашата финансиска состојба сега е толку солидна како никогаш досега, така што можеме да користиме дел од нашите резерви за финансирање на женскиот фудбал, да создадеме нови турнири за развој низ целиот свет, изјави Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.