Го поврзуваат со гиганти, а Де Зерби има само една желба!

Тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби вели дека сака да остане каде што е сега и покрај тоа што го поврзуваат со повеќе големи клубови.

Де Зерби се поврзуваше со Баерн Минхен, Наполи, Јувентус, Милан, но најголеми се шансите да остане во Брајтон.

„Би сакал да останам во Брајтон бидејќи ги сакам моите играчи, градот, мојот клуб и моите фанови“, вели Де Зерби.

„Веќе им кажав на фановите на состанок дека доколку сум среќен, нема да го променам овој клуб, сакам да ја задржам мојата пасија“.