
ФФМ ги „пензионира“ хартиените билети – отсега на стадион и со мобилен (ВИДЕО)
Со неколку едноставни чекори, корисниците ќе можат да изберат натпревар, одберат седиште, извршат уплата и преземат дигитален билет. Платформата нуди предвремен пристап до влезници, мобилни и дигитални опции за купување, како и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.
Ова значи дека во историја замина класичното продавање хартиени билети, а употребата на хартија се сведува само на желбата да се отпечати добиениот ваучер, кој потоа ќе биде скениран при влез. Ова, секако, не е задолжително бидејќи скенирањето на кодот ќе може да се направи директно од мобилниот телефон.
Системот, кој е достапен на македонски, албански и англиски јазик, ќе „дебитира“ пред мечот против Велс (25 март) кој ќе биде прв домашен за жолто-црвените во новото издание од Лигата на нации.