
Ѕвездата на Тотнем по три години пак одморот го минува во Охрид (ФОТО)
Станува збор за шведски репрезентативец, кој во минатото играше и за македонските младински селекции, но кој реши да одбие да го носи жолто-црвениот дрес во сениорска конкуренција. Неговите родители се со потекло од охридското село Орман, кое Кулушевски во минатото често го посетува.
Ова е прво доаѓање на фудбалерот на одмор во македонскиот бисер по 2020 година, кога исто така дел од летниот одмор го мина во Охрид.