
Брутален старт врз Миовски, Македонецот повреден го напушти теренот! (ВИДЕО)
Повредата се случи на натпреварот меѓу Абердин и Сент Мирен.
Фудбалерот Смол од Сент Мирен, со отворен ѓон брутално стартуваше врз македонскиот фудбалер. По прегледувањето на ВАР снимката тој доби директен црвен картон. А за жал, Миовски мораше да го напушти теренот.
Стартот изгледа исклучително остро и можеби се работи за сериозна повреда, тоа би значело дека Миовски нема да може да игра на дуелите за Македонија против Украина и Англија.
Се очекува во текот на утрешниот ден да има повеќе информации за тежината на повредата на Миовски.