БиХ немаше сили за изненадување, САД закажа осминафинале со Белгија (ВИДЕО)
Натпреварот донесе малку шанси и на двете страни, но во поголем дел од мечот впечаток беше дека Американците имаат контрола над случувањата на теренот.
Резултатот беше отворен во завршницата од првото полувреме кога Балогун стрелаше за 1-0 и обезбеди водство за САД на паузата.
По враќањето на теренот во 64. минута одново Балогун се најде во центарот на вниманието, сега поради црвен картон кој го заработи за груб прекршок. Но, ниту фудбалер повеќе на теренот не беше доволно за БиХ да дојде до израмнување.
Точка на натпреварот стави Тилиман во 82. минута со гол од слободен удар. Во осминафиналето за пет дена САД ќе игра натпревар против Белгија во терминот од два часот по полноќ.