„Плачам, ама не со солзи на тага – ви благодарам за секоја непроспиена ноќ!“

Селекторот на репрезентцБосна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, со емотивна порака на социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите за огромната поддршка за време на Светското првенство и порача дека репрезентацијата ќе продолжи да гради успешна приказна.

Предводникот на „змаевите“ беше видно потресен по поразот од САД (0-2), кој значеше крај на настапот на „змејовите“ на Мундијалот, а подоцна објасни што се криело зад неговите емоции.

„Ти благодарам, татковино. Овие солзи по натпреварот не беа солзи на тага, туку солзи на радост, среќа и гордост. Солзи на благодарност што имам можност да го работам тоа што го сакам, да испишувам историски моменти и, најважно од сè, што имам привилегија да работам со овие прекрасни момци, моите фудбалери“, напиша Барбарез.

Тој истакна дека неговите избраници дале сè од себе, но дека овојпат тоа не било доволно за победа.

„Нашата приказна во Америка заврши, но патувањето што го започнавме пред две години продолжува со кренати глави. Ви благодарам по милионити пат за секоја емоција, секоја насмевка, секоја надеж, секој изминат километар и секоја непроспиена ноќ“, порача селекторот.

На крајот Барбарез ги повика навивачите и понатаму да веруваат во репрезентацијата и да останат нејзин најголем ослонац.

„Само заедно и со гордост можеме повторно да испишуваме нови страници од нашата фудбалска историја“, истакна Барбарез.

Новите предизвици за репрезентацијата на БиХ почнуваат веќе во септември, кога стартува новото издание на Лигата на нации.