Белгија урна рекорд, никој не направил вакво нешто речиси еден век!

Белгија обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а турнирот во САД, Канада и Мексико ќе го памети и по еден неверојатен подвиг.

„Црвените ѓаволи“ го совладаа Сенегал по драматичен пресврт откако до 86. минута губеа со 2-0 и со головите во 86. и 89. минута успеаја да изборат продолженија.

Во првото продолжение немаше погодоци, а кога изгледаше дека победникот ќе биде решен по изведување пенали, во самиот финиш Белгија доби удар од белата точка. Јури Тилман беше соборен во шеснаесетникот и судијата по прегледувањето на ВАР снимката покажа на белата точка.

Капитенот на Белгија сам ја презеде одговорноста и сигурно го реализираше пеналот, покажувајќи дека не секогаш важи непишаното правило дека играчот над кого е направен прекршокот не треба да го изведува ударот од белата точка.

Победничкиот погодок беше постигнат во 125. минута, односно во судиското продолжение на второто продолжение со што Белгијците станаа репрезентацијата која постигнала најдоцна гол на мундијалите во изминатите 96 години.