Белгија се крена од „мртвите“ - ќе се играат продолженија (ВИДЕО)

Репрезентациите на Сенегал и Белгија играат еден од најдраматичните натпревари досега на Светското првенство.

Дуелот во Сиетл ќе има продолженија откако по 90 минути игра резултатот беше 2-2 што е големо изненадување за некој што престанал да гледа по еден час игра. Тогаш беше 2-0 за африканската селекција и се чинеше дека Сенегал без поголеми проблеми ќе се пласира меѓу 16. најдобри во светот.

Отвори Диара во 25. минута, а на 2-0 зголеми Сар во 51. минута. До 86. минута Белгија не само што беше инфериорна на теренот, туку и немаше ниеден упатен шут кон противничкиот гол. И тогаш се се смени, во период од само три минути.

„Црвените ѓаволи“ ги разбуди Лукаку кој намали на 1-2 во 86. минута, а за продолженија се погрижи Тилеманс кој ја искористи грубата грешка на противничкиот голман Диав и со глава ја смести топката во мрежата.