Бејтулаи во Шведска го прашуваа на босански, одговараше на - чист македонски! (ВИДЕО)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Егзон Бејтулаи, по шест и пол години минати во редовите на Шкендија, својата кариера ќе ја продолжи во петкратниот шведски шампион, екипата на Хелсингборг.

Тој со овој клуб ќе потпише тригодишен договор, а имаше помалку комична промоција, откако го прашуваа на босански, а поранешниот капитен на тетовци одговараше на - чист македонски јазик.