
Барди во идеалниот тим на мундијалските квалификации (ФОТО)
Барди со петта најдобра оценка од фудбалерите во изборот на популарниот сајт „WhoScored“ се најде во единаесеторката во која двајцата врвни напаѓачи Мемфис Сепај (Холандија), Хери Кејн (Англија) и Роберт Левандовски (Полска) со осмици се убедливо најдобри, а пред македонскиот репрезентативец е уште српската ѕвезда од Ајакс, Душан Тадиќ.
„Клучен играч на Македонија за второто место и баражот, а Барди му се придружи на Тадиќ во срцето на средниот ред во овој идеален тим. Страшен настап во убедливите 5-0 против Ерменија кога даде хет-трик, но имаше несреќа да го заврши циклусот со само две асистенции и просек од 2,3 клучни додавања по меч. Барди имаше добар настап за Македонија во текот на целите квалификации, иако не ги одигра сите мечеви, а во тимот влегува со оценка 7,82“, стои во објаснувањето за македонскиот репрезентативец.
Ова е огромно признание за Барди кој одигра два извонредни мечеви месецов, посебно во Ерменија, каде постигна и хет-трик, во мечот кој вечно ќе го памети и зашто стана само петтиот македонски фудбалер со хет-трик, но и зашто дебитираше како капитен на црвено-жолтите, но беше и асистент за првиот гол на Горан Пандев во епската победа во Германија, ама немаше среќа поради повреда да ги одигра сите квалификациски мечеви.
Барди е еден од плејадата извонредни млади фудбалери, кој зад себе има едно Европско првенство за младинци и дебито летово на Еуро 2020 со сениорската репрезентација на Македонија, а со девет гола веќе е во топ десет најдобри стрелци на Македонија во историјата.