Аврамовски: Еуро 2020 беше многу важно искуство за мене!

Бившиот вардарец и екс-фудбалер на Работнички, Даниел Аврамовски имаше шанса да заигра на Европското првенство, иако не премногу, но после почетокот на подготовките со Кајзериспор, најави дека очекува повеќе минути на – Мундијалот догодина.

Аврамовски одигра одлично во вториот дел од минатата сезона, беше еден од најдобрите фудбалери на Кајзери, па очекувано беше на списокот на репрезентативци на Еуро 2020.

„Настапот на Европското првенство беше многу важно искуство за мене, добив шанса да играм на еден меч и сега се надевам дека ќе добијам повеќе шанса за Светското првенство“, вели Аврамовски.

Тој беше најдобар фудбалер и најдобар играч на Вардар пред да удри корона-кризата, по што поради хаосот во најтрофејниот клуб ланското лето си замина и направи трансфер во Кајзери, па прво беше „замрзнат“ како прекуброен странец, но потоа доби шанса и почна да игра извонредно, да асистира и да дава голови.

Сега во втората сезона, со почетокот на подготовките, најавува дека очекува со Кајзери уште подобар пласман на табелата. Првата контролка ја загубија од Самсунспор со 0-1.

„Ова беше прв меч и секогаш е тешко на стартот, но ќе бидеме и ќе се обидеме да играме многу подобро во следните. Сега уште посилно и уште повеќе ќе работиме и јас верувам дека во новата сезона ќе бидеме уште подобри и ќе имаме уште подобар пласман на табелата“, додава Аврамовски.