Атанасов постигна два мајсторски гола за Хајдук во голеадата во Загреб (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец, Јани Атанасов, долго ќе го памети вечерашниот триумф во четвртфиналето од Купот на Хрватска на Хајдук против Локомотива среде Загреб, но не само поради постигнатите девет голови (6-3) туку поради фактот што самиот постигна два погодоци.

Нашиот играч од средниот ред прво донесе водство за сплиќани во 51. минута со неверојатен лоб-удар откосо од десната страна, за во 66. минута со вистинска бомба од дваесетина метри да зголеми на 5-2.

Хајдук за пласман во големото финале ќе игра против подобриот од утрешната четвртфинална пресметка помеѓу Осијек и Славен Белупо.