Ангеловски со истата стратегија и една промена во тимот ќе ја изненадува Полска (ФОТО)

Македонија вечерва гостува во Варшава во осмиот евроквалификациски меч за пласман на ЕП 2020 низ Европа, а против фаворизираната Полска, селекторот Игор Ангеловски не направи поголеми промени, освен една во тимот.

Поради повредата на Аријан Адеми, сега местото ќе го пополни Бобан Николов, кој против Словенија играше како бек, а таа позиција ја преземеа Егзон Бејтулаи, кој се врати по суспензијата за жолти картони. Ангеловски не ма смени стратегијата и формацијата и останува со тројца пред Столе Димитриевски - Стефан Ристовски, Висар Муслиу и Кире Ристевски, со четворица во средниот ред, Алиоски и Бејтулаи како бекови, Спировски и Нуколов како централни фудбалери за врска.

Македонскиот бисер Елиф Елмас, кој со два гола ја реши Словенија повторно добива улога како „плејмејкер“, а Пандев и Несторовски се во нападот.

Полска од друга страна ќе не напаѓа на патот кон заверка на виза за Евро 2020, со формација 4-2-3-1, во која Левандовски е најистурен, со поддршка на Зиелински, Шимански и Гросицки во тројка пред него, додека Криховијак и Горалски се дефанзивни фудбалери за врска и двоец кој ќе треба да ги поврзе линиите од дефанзива со средниот ред и нападот.