Алаба: Арнаутовиќ знае дека згреши!

Австрија на почетокот на Еуро 2020 можеби ја победи Македонија, но го загуби Марко Арнаутовиќ за следниот меч против Холандија бидејќи австрискиот репрезентативец го нападна Езгјан Алиоски откако даде гол за конечни 3-1.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска го суспендираше Арнаутовиќ на еден натпревар, а за бесната реакција на австрискиот Србин зборуваше и неговиот соиграч од репрезентацијата, Давид Алаба.

„Тој слушна некои лоши зборови од противниците и реагираше премногу емотивно. Арнаутовиќ знае дека згреши“, вели Алаба.

Арнаутовиќ се извини за неговиот потег во мечот против Македонија и по третпат преку социјалните мрежи, а овој пат напиша порака на својот официјален профил.