
Зидан објасни зошто ги врати Навас, Иско и Марсело
Зидан на прес конференцијата по натпреварот говореше дека е презадоволен поради победата на Реал, но одговори и на прашањето зошто им даде нова шанса на фудбалерите кои беа „заборавени“ кај претходникот, Сантиаго Солари.
„Го ценам Куртоа, покажа дека е одличен голман, но сакам Кејлор да се чувствува важен. Не заборавам што направи за клубот. Не играше премногу, но тоа мора да се промени. Ист е случајот и со Марсело. Никој не смее да заборави кои се тие фудблаери и што направија тука. На сите сметам, на Куртоа, на Регилон, но Кејлор, Марсело и Иско се одлични играчи“, изјави Зизу.