
Зидан му ја соопшти својата желба на Перез, Реал купува од Серија А!?
Сепак, медиумите шпекулираат за нови засилувања за тимот на Зидан, кој од претседателот Перез побарал да донесе една од најголемите ѕвезди во Италија, а станува збор за фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Србинот летоска имаше неколку понуди, но остана во Лацио, зашто претседателот на Римјаните не сакаше да ја продаде својата најголема ѕвезда.
Сепак, Сергеј не игра најдобро сезонава, па доколку пристигне примамлива понуда од Мадрид, тогаш Лацио сигурно ќе размисли да го продаде.