Зидан до навивачите: Престанете да го свиркате Бејл!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан побара од навивачите да не го исвиркуваат Герет Бејл. 

Велшанецот синоќа против Реал Сосиедад постојано беше исвиркуван од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“, од моментот кога влезе во игра до секој негов допир со топката. 

„Има премногу галама околу Бејл. Тој сака да биде тука и да игра колку што може најдобро, затоа не сакаме премногу да зборуваме за ова. Бејл е интегриран во тимот и сака само да игра добро, како и сите останати. Се надевам дека ова нема да продолжи во текот на сезоната. Ние сакаме нашите навивачи да бидат со нас од почеток на натпреварот до самиот крај, но ова е нешто што не можеме да го контролираме. Навивачите имаат право да прават што сакаат, но јас од нив ќе побарам подршка за сите фудбалери на Реал Мадрид“, изјави Зидан.