Попушти ѕидот пред Облак, Арсенал води по 45 минути (ВИДЕО)

Апсолутно заслужено, Арсенал води со 1-0 по 45 минути игра на реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Шпанскиот тим се бранеше цело полувреме, не упати ниеден директен удар кон голот на Арсенал, но пред крајот на полувремето, одбраната, сепак, капитулираше. Во една долга акција на домаќините, Салиба го проигра Ѓокереш на десната страна, овој нафрли пред голот, таму Тросар се обиде да шутира, но топката се одби до Сака кој од непосредна близина ја смести во мрежата.

Голот на англискиот репрезентативец ветува возбудливо второ полувреме. Атлетико мора да се отвори и да напаѓа, но со тоа ќе остави повеќе простор за домашните фудбалери.