Олимпијакос по кратка постапка на Ф4, Реал ќе игра четврти натпревар
Грчкиот тим со тоа стана првиот што обезбеди место во Фајнал Фор во Атина. Олимпијакос го диктираше темпото на натпреварот од самиот почеток, добивајќи ја првата четвртина со +9 (26-17), а до крајот на полувремето веќе имаше убедлива предност од +21 (61-40).
Монако ја доби третата четвртина, но само со три поени разлика и влезе во последната четвртина со -18 (82:64). Во последниот период, домаќините се доближија до -12, но потоа Олимпијакос „додаде гас“ и забележа убедлива победа.
Тимот од Пиреја до победата го предводеше Еван Фурние со 22 поени, два скока и пет асистенции.
За разлика од Олимпијакос, Реал ја пропушти првата меча топка откако вечерва загуби на гостувањето кај Хапоел со 69-76, па во таа серија ќе се игра четврти натпревар.