Жоао Феликс игра за Барса, но е искрен: Мбапе и Винисиус се најдобри во светот!

Фудбалерот на Барселона, Жоао Феликс посочи двајца играчи на Реал Мадрид како најдобри во светот во овој момент.

Новото засилување на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор се двајцата најдобри играчи за Феликс во моментов.

„Најдобар фудбалер во светот во овој момент? Килијан Мбапе и Винисиус“, беше одговорот на Феликс.

Тој сака да остане во Барселона, но вели дека тоа не зависи од него.

„Јас сум на позајмица, не зависи од мене. Мојот план е јасен, ја сакам Барселона и сакам да останам. Зависи од неколку фактори, па ајде да видиме што ќе се случи“.