Жиру: Морам да го отстапам своето место на помладите

Оливие Жиру објави дека по завршувањето на Европското првенство 2024 што ќе се одржи летово во Германија ќе се повлече од репрезентацијата на Франција. 

Голгетерот викендов ќе се прости од дресот на Милан по три години и кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата во редовите на ЛА ФЦ. Жиру за француските медиуми објави дека натпреварите на претстојното Еуро ќе бидат и негови последни во репрезентативната кариера. 

„Очигледно е дека многу ќе ми недостига репрезентацијата, но морам да им го отстапам моето место на младите играчи“, рече напаѓачот, кој има 37 години. 

Во дресот на „триколорите“, Жиру има 131 настап и 57 постигнати голови.