Заврши победничката серија: Интер од пенал се спаси од пораз во Болоња! (ВИДЕО)

Четири кола траеше перфектната серија на Интер, во новата сезона од Серија А. Во петтото, екипата на Лучано Спалети се спасуваше од пораз кај Болоња.

Болоња и Интер одиграа 1-1, а конечниот резултат го постави Икарди од белата точка, на 13 минути до крајот. Пеналот беше дискутабилен, судијата мораше да чека потврда од видео-системот и дури кога ја доби Икарди биеше.

 

Беше прецизен и на тој начин го анулираше водството на Болоња уште од првиот дел, кога Верди постигна прекрасен погодок од далечина.

 

Со овој бод Интер е прв, само привремено, додека Наполи и Јувентус, другите две екипи кои досега имаа перфектен епилог, не ги одиграат своите натпревари од ова 5. коло. Утре Јувентус ја пречекува Фиорентин, а Наполи гостува во дербито со Лацио.