Затоа е најдобар голман: Алисон има повеќе „чисти мрежи“ отколу примени голови! (ФОТО)

Бразилскиот голман Алисон Бекер откако дојде од Рома во Ливерпул и стана најскап голман на светот до моментот кога Кепа Аризабалага го засили Челси од Атлетик Билбао, покажува зошто е еден од најдобрите чувари на мрежата, а ланската 2019 година буквално ја одбележа.

Алисон со Ливерпул стана европски и светски првак, со Бразил ја освои Копа Америка, па беше прогласен за најдобар голман во Премиерлигата, во ЛШ, на Копа Америка, во светот на доделувањето на „златната топка“. Буквално ги собра сите награди за „златна ракавица“.

А, зашто е најдобар во моентов, подобар доказ од оваа статистика нема. Алисон во Премиерлигата има примено помалку голови отколку што има мечеви со „чиста мрежа“. Во моментов има 28 меча без примен гол, а на 27 примил барем еден гол.