За Кејн повеќе нема алиби: Тотнем има тим за да ја освои Премиер лига

Еден од најдобрите напаѓачи во светот и член на Тотнем, Хари Кејн, верува дека „петлите“ можат да ја освојат титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Во последната сезона, екипата заврши на четвртата позиција, далеку зад Манчестер Сити и Ливерпул. Сега фудбалерот е уверен дека лондонскиот тим ќе биде во игра за трофеи.

Минатата година се движевме во чекор со нив, но после јануари заостанавме. Мора да започнеме добро оваа сезона. Ливерпул ја постави високо границата во петокот навечер, а потоа Сити го стори истото во саботата на пладне. Затоа е важно за нас да ги следиме што е можно подолго, изјави англискиот репрезентативец.

Според него, тимот верува дека може да го помине целиот пат до крај, но тоа, според него, ќе биде долг пат.

За да го направиме ова, купивме нови играчи за зајакнување на тимот и зголемување на конкуренцијата. Имаме многу добар и гладен за победи состав. Секој е фит и желен да се докаже. Играчите кои излегуваат на терен се обидуваат да го покажат најдоброто од себе. Ова е важно ако сакаме да имаме добра сезона, додаде Кејн.