Втор гол по ред за Алиоски: Седма победа во низа за Лидс (ВИДЕО)

Езџјан Алиоски го постигна својот петти погодок сезонава во Чемпионшип дивизијата откако реализираше за 2-0 против Хал во рамки на 21.коло. 

Ова е втор погодок по ред за македонскиот репрезентативец, кој постигна гол и изминатиот викенд против Хадерсфилд. Алиоски влезе во игра во 69-та минута, а голот го постигна во 82-та минута.

За Лидс јунајтед ова е седма победа по ред во првенството со која останува на првата позиција на табелата.