Во Серија А ништо ново: Јувентус ја завери 36. титула (ВИДЕО)

Јувентус славеше со 2-0 против Сампдорија во 36.коло во Серија А и на две кола до крајот на шампионатот ја обезбеди деветтата шампионска титула по ред или вкупно 36-та во историјата.

Кристијано Роналдо го скрши отпорот на гостите од Џенова длабоко во судиското продолжение на првиот дел, откако Миралем Пјаниќ генијално го проигра од слободен удар. Точка на победата стави Федерико Бернардески со својот прв сезонски гол во 67-та минута откако натрча на една одбиена топка по шут на Роналдо.

Гостите кои играа солиден натпревар и не реализираа неколку добри шанси, останаа со играч помалку во 77-та минута откако Мортен Рорзби доби втор жолт картон. Роналдо пропушти шанса за втор гол на натпреварот откако во 89-та минута не реализираше пенал, поточно биеше во пречката.

Португалецот можеше да му се доближи на два гола минус на лидерот на листата на стрелци Чиро Имобиле, кој има 34 голови.