„Во Бергамо нема доволно гробови за да ги погребаме сите, а во сојузот им се игра фудбал?!“

Клаудио Галимберти Боча е водач на навивачите на Аталанта, хитот на сезоната во Лигата на шампионите, чиј меч во февруари годинава беше биолошката бомба, по која Бергамо ја погоди страшниот коронавирус и направи ршум во градот со 120.000 жители. Во Бергамо жртвите не може да се добројат, а популарниот Боча вторпат им се закани на сите во фудбалот околу желбата да се продолжи со Калчото.

Иако Италија нема точен датум кога евентуално може да се продолжи со фудбал, Боча еднаш веќе ги предупреди челниците на клубот „да не си играат со оган и дека е ужасно тимот да игра во момент кога страшна трагедија го погодила градот, а настапите би биле непочитување на жртвите“. Сега, овој водач на ултрасите ги подбра челниците на Калчото, кои постојано форсираат некакви датуми за продолжување на Серија А.

„Како можете да мислите на фудбал? Додека луѓе умираат, вас ви се игра фудбал! Ние не може да најдеме доволно гробови за да ги закопаме жртвите, а вас во сојузот ви дошло до тоа кога да се продолжела лигата. Навистина мислите дека на некого во моентов му е до фудбал? Заер мислите дека на некого во Бергамо воопшто го интересира фудбал во моментов?“, вели Боча.

Овој водач на навивачите има забрана за присуство на мечевите до 2022 година, па за некоја среќа, ја избегнал епидемијата која го уништи градот, зашто живее во Пезаро, на брегот на Јадранското море и тоа во рибарски брод.

„Јас ги молам сите, со срце и со раце – спасете го Бергамо! Ова е масакр. Не може да прифатиме дека вака ни умираат луѓе. Црвената линија мораше да биде подигната за Бергамо, ама сега скапо ги плаќаме некои грешки. Помали градови во Ломбардија поминаа подобро од Бергамо... Ние не ни знаеме колку луѓе умреле точно. Мислам дека има повеќе од тоа што официјално досега се прикажува. Сигурен сум дека сето тоа почна од тој меч во Милано (Аталанта – Валенсија – н.з.) и од еден кошаркарски меч. После него, на многу постари луѓе им беше многу лошо. Најголемиот успех не успеавме да го прославиме како што треба, а веќе на никој не му се зборува за тоа“, додава водачот на навивачите.

Посочи дека фудбалот во случајов бил лош пример.

„Најдобриот дел од фудбалот е тоа што тифозите на Аталанта ги донираа парите за болниците. Се друго мора да се заборави. Едноставно фудбалот даде лош пример – луѓе умираат на секој чекор“, потенцира Клаудио.