Во Барселона се подготвува нешто што не се случило повеќе од три децении

Шампионот на Шпанија, Барселона се наоѓа многу блиску до потписот на голманот Жоан Гарсија и ако плановите се остварат, со неговиот трансфер ќе се случи нешто што не е видено долго време.

Иако од ист град, Барса и Еспањол не соработуваат многу често, причините се повеќе од политичка природа, но мал е бројот на фудбалери што играле за двата клуба. Уште помал на оние што директно преминале од едниот во другиот, а на такво нешто Барселона не помислила од 1994 година. Последниот кој го поминал патот од „помалиот“ до „поголемиот“ клуб од Барселона е рускиот фудбалер Игор Корнеев, но и тој пред 31 година не отиде во првиот тим на Барса, туку во Б-составот.

Гарсија има зад себе добра сезона во Еспањол, а во Барселона го гледаат како долгорочно решение со оглед на тоа што има 24 години и би можел најмалку една деценија да остане на голот. Преговорите, наводно, се во завршна фаза и нема да биде изненадување ако трансферот биде потврден до крајот на оваа недела.